Магазин

Јапонските научници успеаја да пренесат податоци со брзина од 100 гигабити во секунда во високофреквентни појаси на бранови должини, на растојание од 100 метри.

Конзорциум од јапонски компании, составен од NTT DOCOMO, NEC и Fujitsu, го создадоа првиот светски безжичен уред со голема брзина 6G, способен да пренесува податоци со молскавична брзина од 100 гигабити во секунда на растојание од 100 метри.

Овие брзини на пренос на податоци се еквивалентни на безжичниот пренос на пет HD филмови во секунда и, според Statista, се дури 500 пати поголеми од просечните брзини на 5G во Соединетите држави, кои моментално изнесуваат 204,9 мегабити во секунда.

Резултатите од тестот покажуваат дека безжичниот уред на конзорциумот пренесувал податоци со брзина од 100 Gbps во затворен простор преку опсегот од 100 GHz и на отворено во опсегот од 300 GHz.

Во претходните тестови, научниците постигнаа поголеми брзини 6G, но на многу помали растојанија. Друг тим од јапонски научници покажа рекордна брзина од 6G од 240 Gbps, но само на 20 метри, што беше објавено во списанието IEICE Electronics Express во февруари.

Воведен во 2019 година, 5G моментално е најмодерниот стандард за безжична комуникација и се користи од речиси сите нови паметни телефони. Но, веќе интензивно се подготвува инфраструктурата за шестата генерација, која според Здружението ГСМ (ГСМА) треба да профункционира во следните десет години.

6G треба да користи повеќефреквентни опсези лоцирани помеѓу 100 и 300 GHz. Емитувањето во овој регион ги користи предностите на повисоките брзини, а нивниот главен недостаток се поголемите пречки од околината и опасноста од блокирање на сигналот, особено во затворени простори.

Имајќи предвид дека 6G се потпира на многу повисоки фреквенциски опсези, ќе ни треба сосема нова инфраструктура за пренос и засилување на сигналот.

На почеток