Инстаграм тестира нова опција од која ќе добиете главоболка
Инстаграм компанијата Мета експериментира со функција која нема да им се допадне на многу корисници.
Корисниците наскоро може да имаат многу потешка работа ако сакаат да ги игнорираат рекламите на Инстаграм.
Според TechCrunch, Мета тестира нов тип на реклами што не можат да се прескокнат, кои компанијата ги нарекува „рекламни паузи“.
Некои корисници веќе ги забележаа новите реклами, овие „паузи“ со реклами се неколку секунди, но не се знае дали нивната должина ќе се промени кога форматот ќе стане официјален.
Пораката во апликацијата вели: „Паузите за реклами се нов начин за прикажување и прегледување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклами пред да продолжите да гледате содржина на Инстаграм“.
Додека видео рекламите што не можат да се прескокнат се вообичаени на други платформи (како YouTube), за Instagram тоа е нов и многу поагресивен формат.
Holy moly! Meta seemingly is now forcing us to watch ads in our feeds on Instagram!
The app legit stopped me from scrolling past this ad which is just a bonkers move to me. pic.twitter.com/740EXjGyl2
— Dan Levy ✡ דניאל לוי (@TheDanLevy) June 1, 2024