Македонија

Обвинителство за „Жан Митрев“ по „Нечиста крв“: Се проверуваат индициите за сторени кривични дела

Скопското Обвинителство покрена постапка по документарецот на ИРЛ насловен како „Нечиста крв“. Оттаму велат дека предметот е распределен кај обвинител, откако утврдиле дека има индиции за кривични дела.

„Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, велат од Обвинителството.

Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев. Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

(ВИДЕО) Јавноста згрозена по истражувањето за македонска приватна болница и лекувањето во неа

„Жан Митрев“: Згрозени сме од говорот на омраза кон болницата, ќе ги искористиме сите правни можности да се спречат вакви неосновани напади

На почеток