Демонстрациите на „Жолтите елеци“ во Париз вчера се заострија. Полицијата фрлаше слзавец на демонстрантите, откако претходно тие фрлаа со разни предмети кон нив.
Најголем хит на социјалните мрежи стана видео снимката на која еден од демонтрантите жестоко му возврати на полицаецот. На видеото може да се забележи како мажот, кој по начинот на кој удира изгледа на професионален боксер, го натера полицаецот да се повлече. Полицаецот се обиде со штитот да се заштити од силните удари, но не успеа.
🇫🇷🇫🇷‼️Die #Polizei sollte sich auf die Seite des Volkes stellen‼️🇫🇷🇫🇷 pic.twitter.com/LprIwXclvQ
— Deutsch365 (@deutsch365) January 5, 2019
Француските медиуми известуваат дека на вчерашниот протест на „Жолтите елеци“ имало многу помалку демонстранти за разлика од оние кои се одржаа минатите месеци.