Свет

(ВИДЕО) Снег и ниски температури во Грција, една жена го загуби животот, а две лица се исчезнати

Една постара жена е пронајдена мртва, а двајца мажи се водат как исчезнати откако снежна бура ги зафати некои делови од Грција.

Температурата на воздухот во централна и северна Грција е под нула степени во текот на целата недела. Снегот предизвика и проблеми во сообраќајот, како и пренасочување на авионите.

Телото на 60-годишната жена е пронајдено во автомобил кој се превртил во регионот Каратеа одалечен на околу 45 километри југоисточно од Атина. Полицијата трага по двајцата мажи кои биле во автомобилот.

„Сопругот на починатата жена и уште еден маж кои биле во автомобилот се водат како исчезнати од четвртокот на 3. јануари“, изјави полицијата.

Метеоролозите во понеделник најавуваат нов студен бран во Грција .

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток