Свет

(ВИДЕО) Илјадници демонстранти на улици против Орбан

Илјадници луѓе протестираа по централните улици на унгарската престолнина Будимпешта , против новиот закон кој му дозволува на работодавачите да бараат од вработените да работат прекувремено до 400 часа годишно, пренесува “Ројтерс”.

Вчерашниот протест, организиран од опозициски партии, синдикати и граѓански организации, беше насочен главно против новиот работен закон, наречен од критичарите “робовски закон “.

Измените на Законот за работни односи усвоени минатиот месец од страна на унгарскиот парламент наидоа на силни критики и ги предизвикаа најголемите улични протести во повеќе од година дена. Демонстрантите протестираа по улиците на позадината на врнежи, како стигнаа до зградата на Парламентот на брегот на Дунав, носејќи транспаренти како ” Да го изметеме режимот “.

“Ние не сме согласни со речиси сè што се случува , откако оваа влада дојде на власт (во 2010 година) – од корупцијата до псевдодемокрацијата “, истакнаа говорниците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток