Силен земјотрес на северот на Норвешка
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди архипелагот Свалбард во северна Норвешка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од десет километри.
Засега нема пријавени жртви, ниту е причинета материјална штета.
Не е издадено ниту предупредување за цунами, пренесува руски ТАС С.