Првата дама на Украина ќе се обрати пред американскиот Конгрес
Од
Објавено на
Првата дама на Украина, Олена Зеленска, во среда ќе се обрати пред американскиот Конгрес, соопшти денеска кабинетот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
Американски конгресмени ќе ја угостат Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во 11 часот по локално време, соопштија од кабинетот на Ненси Пелоси, објави Ројтерс.