Свет

Пукање во Париз, има мртви и ранети

Едно лице загина, а четворица се повредени во пукање во бар во 11-тиот париски арондисман, изјави во понеделникот вечерта градоначалникот Франсоа Воглен.

Во пукање вчера во барот Чича на улицата Попинкур во 11-тиот арондисман во Париз, еден маж беше убиен, а четворица други беа ранети. Во оваа фаза остануваат нејасни мотивите зад овој варварски чин“, напиша градоначалникот на Твитер.

Според него, еден од напаѓачите бил приведен, другиот побегнал од местото на настанот.

На почеток