Магазин

(ВИДЕО) Морски лавови нападнаа туристи

На калифорниска плажа во близина на Сан Диего, испровоцирани морски лавови нападнале капачи.

Шалијан Џејна, кој снимил сè на камера, изјави за NBC San Diego дека морските лавови ги „нападнале“ капачите откако еден од нив им пришол и се обидел да ги фотографира одблиску. Тоа ги вознемирило животните, кои потоа ги нападнале туристите.

„Се надевам дека ова видео ќе биде едукативно искуство за идните посетители“, рече таа, додавајќи дека верува дека ова видео ќе ја подигне свеста за тоа колку морските лавови можат да бидат опасни.

Морските лавови не се ништо ново кога станува збор за Калифорнискиот залив. Покрај плажата има дури и табли кои ги предупредуваат посетителите да остават простор за фоките и морските лавови и да не ги вознемируваат.

Двата морски лава кои ги нападнаа туристите, за среќа, никого не повредија, но видеото брзо стана вирално на интернет.

На почеток