(ВИДЕО) Xiaomi 12S Ultra подобар од iPhone 13 Pro Max на тестот за игри
Неодамна, Xiaomi ја претстави серијата Xiaomi 12S во Кина. Беа претставени три модели, а најскап и најдобар од нив е Xiaomi 12S Ultra кој пристигнува со импресивни спецификации.
Сега еден YouTuber го тестираше Xiaomi 12S Ultra, односно неговите перформанси за играње и телефонот се покажа како импресивен и во неколку категории го надмина дури и iPhone 13 Pro Max.
YouTuber Golden Reviewer откри во својот тест дека Xiaomi 12S Ultra е подобар за играње игри во споредба со актуелниот најскап модел на Apple – iPhone 13 Pro Max. Xiaomi 12S Ultra беше пред сите уреди со Android и iOS.
Секако, најголемата заслуга има новиот, неодамна претставен чип Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1. Јадрото Cortex X2 е оверклокирано од 3,00 GHz на 3,20 GHz, обезбедувајќи перформанси на процесорот до 10% повисоки од Snapdragon 8 Gen 1. Графичкиот процесор исто така е оверклокиран на до 10% подобри перформанси на графичкиот процесор во игрите. Qualcomm успеа да ја подобри енергетската ефикасност за дури 30%, што значи дека чипсетот троши помалку енергија, помалку се загрева и позитивно влијае на батеријата. Првите тестови покажуваат дека Snapdragon 8+ Gen 1 е одличен чип и дека Qualcomm повторно создаде чипсет кој е импресивен во сите сегменти.
Екстремните тестови на телефонот Xiaomi 12S Ultra открија дека Xiaomi 12S Ultra е најдобриот телефон кога станува збор за емитување на бројот на слики, односно фрејмови во секунда (просечни 588 fps). Исто така, резултатите открија дека телефонот не се прегреал и дека во овој поглед е многу подобар од обичниот Snapdragon Gen 1. Така, Xiaomi 12S Ultra работел на температури од 42,3°C, што е една од најниските температури меѓу тестирани телефони.
Само iPad Mini 6, со чипот A15 Bionic, испорача поголема стапка на слики во споредба со Xiaomi 12S Ultra, но не е паметен телефон, туку таблет, па така Xiaomi 12S Ultra е прв меѓу паметните телефони.