Актуелно

САД: Русија планира да анектира украински територии

Русија го подготвува теренот за анексија на украинска територија користејќи го истото сценарио како и на Крим, тврдат САД, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби на прес-конференција рече дека Русите се подготвуваат да инсталираат службеници блиски до Москва, да ја воспостават рубљата како валута и да ги принудат жителите да аплицираат за руско државјанство.

Кирби најави и брз одговор од САД и нивните сојузници во случајот со анексијата на украинските региони Керсон, Запорожје, Доњецк и Луганск, јавува Би-Би-Си.

На почеток