Коронавирус

Бројот на лица заразени со корона во Кина се зголемува

Кина пријави 1.012 нови случаи на коронавирус за 19 јули, од кои 150 биле симптоматски и 862 асимптоматски, што Кина ги евидентира одделно.

Ова е прв пат бројот на нови заразени со Ковид 19 да надмине 1.000 од 20 мај, пренесува Ројтерс.

Нема нови смртни случаи, а вкупниот број на починати од последиците од оваа болест од почетокот на пандемијата е 5.226. Главниот град, Пекинг, пријави еден нов локален симптоматски случај, кој беше регистриран како асимптоматски ден претходно.

Претходниот ден беа пријавени само асимптоматски случаи.

Шангај пријави пет нови локални симптоматски случаи.

Мерките на Кина остануваат на сила и покрај релативно ниските стапки на инфекција.

Околу 264 милиони луѓе во 41 град во Кина се погодени од целосен или делумен локдаун или други епидемиолошки мерки, според анализата на јапонската финансиска куќа Номура од понеделникот, што е повеќе од 247,5 милиони во 31 град минатата недела, според британската агенција.

На почеток