Коронавирус

Детали: Младата девојка од Свети Николе која почина со корона, имала и малигна болест

Младото 23-годишно девојче од Свети Николе кое почина инфицирано со коронавирус, имала и претходни заболувања односно коморбидитети. Според извори на „Скопје1“ на Инфективната клиника во Скопје, каде починатата се лекувала, смртниот исход бил последица на малигна болест.

Станува збор за невакцинирана пациентка. Не се споделуваат детали за времето на лекување, како и кога била примена и во каква состојба била во тој момент.

Пациентката е една од четирите починати лица со коронавирус во изминатото деноноќие.

На почеток