Возачот на ЈСП кој претепа патник е суспендиран, се гледаат снимките
Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.
Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.
Министерството за внатрешни работи го потврди немилиот настан кој вчеравечер се случил во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.
– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.