И во Влада се дискутирало за болницата „Жан Митрев“, познат бројот на контроли и инспекции
Според Информацијата, на 18јули 2022 година (понеделник) доставена е ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021год., а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).
Министерството за здравство информираше дека нило побарано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“,Скопје во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022 год.
Од Агенцијата за лекови и медициски средства МАЛМЕД како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на хемофилтрацијата при третман на КОВИД-19 пациенти.
На ден 19 јули 2022година Државниот санитарен и здравствен инспекторат го достави извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019год. до јули 2022год.според кој во тековниот период направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на инспекторатот.
На ден 20 јули 2022 година формирана е комисија за вршење на стручен надзор, а во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациентите со КОВИД-19 во Приватната здравствена установа „Клиничка болница Жан Митрев“, Скопје.
Во следниот период Министерството за здравство ќе направи анализа на добиените извештаи по која ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања.