Eксплозии во Херсон
Од
Објавено на
Украинските вооружени сили денеска објавија дека вчера убиле 111 руски војници на југот и на истокот на земјата, а проруските власти во делумно окупираниот украински регион Запорожје објавија дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз тамошната нуклеарна централа, но дека реакторот не е оштетен, пренесува Ројтерс.
Неколку експлозии се слушнале и во текот на ноќта и утринава во јужниот регион Херсон, кој е под контрола на Русија, јави руската новинска агенција ТАСС.
Украинската војска објави силно руско гранатирање кое беше придружено со, како што рекоа, главно неуспешни обиди на руските копнени сили да напредуваат.