Свет

Ердоган ја одложи посетата на Мексико

Турција ја одложи посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Мексико планирана за крајот на јули, потврди денеска мексиканското Министерство за надворешни работи.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард ја најави посетата претходно овој месец, оценувајќи ја планираната средба меѓу Ердоган и неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор како можност за градење посилни врски во трговијата и туризмот, пренесува Ројтерс.

Официјални лица рекоа дека биле информирани за одложувањето од турската влада, која не понуди детали за причините за одлуката.

На почеток