Магазин

Рики Мартин проговори за тужбата против него: „Вистината преовладува“

Откако внукот на Рики Мартин, Денис Санчез (21) се откажа од тужбата за инцест, пејачот се огласи на социјалните мрежи.

Откако случајот беше отфрлен, „TMZ“ доби видео од говорот на Рики Мартин, кој истакна дека до сега молчел во согласност со законите на Порторико.

„Денеска сум пред камери, затоа што навистина морам да разговарам за да започне процесот на заздравување, две недели не смеев да се бранам бидејќи ја следев процедурата, законот ме обврза да не зборувам додека не излезам на суд и дознаам дека овие тврдења се лажни. Беше толку болно. Беше поразително за мене, за моето семејство, за моите пријатели. Не му го посакувам ова на никого. На личноста која ја тврдеше оваа глупост, му посакувам се најдобро – и сакам да најде помош за да може да започне нов живот исполнет со љубов, вистина и радост – и да не повредува никого. Мојот приоритет сега е да оздравам и како да се опоравам? Со музика. Едвај чекам да се вратам на сцената. Едвај чекам да се вратам пред камерите и да ве забавувам, тоа е она што најдобро го правам.

Благодарам на сите мои пријатели. Им благодарам на сите кои секогаш веруваа во мене. Немате поим колку сила ми дадовте со секој коментар што го напишавте на социјалните мрежи. Ви посакувам љубов и добри работи – и тука сме со истата сила и страст“, ​​изјави Рики Мартин.

Тој исто така објави статус на социјалните мрежи: „Вистината преовладува“.

Да потсетиме, внукот го обвини Рики Мартин за инцест, откривајќи дека наводно биле во емотивна врска седум месеци. Се шпекулираше дека пејачот може да добие казна од 50 години доколку биде прогласен за виновен.

Вчера беше закажано онлајн судење каде Рики Мартин ја претстави својата страна од приказната преку Zoom.

Но, случајот доби епилог, внукот се откажа од тужбите, а пејачот се врати на она што најмногу го сака, а доказ за тоа е видеото кое пејачот неодамна го објави на инстаграм на кое се гледа како напорно вежба за претстојните настапи.

На почеток