Магазин

WhatsApp конечно ја доби функцијата која корисниците долго ја чекаа

Корисниците на WhatsApp, кои сакаат да ја префрлат својата историја на пребарување од Apple iPhone на телефон со Android и обратно, сега конечно ќе можат да го сторат тоа.

Мета, која е сопственик на WhatsApp, објави дека ги отстранила сите ограничувачки пречки кои го спречуваа процесот на пренос на податоци во минатото.

Најголемиот број корисници на телефони со Android, кои имаат уред Самсунг, веќе имаа можност да ги префрлат своите податоци на WhatsApp од iPhone. Сега е овозможено и за телефони со Android од други производители.

WhatsApp ја потврди на Twitter можноста за пренос на историјата на разговори од Apple iPhone на телефон со Android и обратно.

Популарната услуга значително го поедностави процесот на префрлување разговори од платформа на платформа, благодарение на апликацијата Move to iOS достапна на Google Play Store и апликацијата Switch to Android на Apple App Store.

На почеток