Објавена листа на најбезбедни земји за туристи, на кое место е Македонија
Глобалниот индекс на мир (GPi) за 2022 година ги рангираше 163 земји во светот во однос на мирот преку анализа на податоци за нивната политичка стабилност, односите со соседите, бројот на бегалци, нуклеарното оружје, внатрешните и надворешните конфликти, воените трошоци и стапката на криминал, меѓу другото.
Исланд е прогласен за најбезбедна и најмирна дестинација поради речиси нула трошоци за одбрана, ниска стапка на криминал и избегнување меѓународни конфликти. Земјата е на врвот на листата секоја година од 2008 година.
Следуваат Нов Зеланд, Ирска, Данска и Австрија.
Ако ја погледнеме само Европа, можеме да забележиме дека најбезбедни земји за патување и живеење се Исланд, Ирска, Данска, Австрија и Португалија.
ГПИ покажа дека Блискиот Исток е најмалку мирен и безбеден регион.
Вака изгледа листата на 20 најбезбедни земји во светот:
1. Исланд
2. Нов Зеланд
3. Ирска
4. Данска
5. Австрија
6. Португалија
7. Словенија
8. Чешка
9. Сингапур
10. Јапонија
11. Швајцарија
12. Канада
13 Унгарија
14. Финска
15. Хрватска
16. Германија
17. Норвешка
18. Малезија
19. Бутан
20. Словачка
Што се однесува до земјите од поранешна СФРЈ, можеме да забележиме дека Хрватска и Словенија се меѓу првите 20. Македонија е на 36 место, Црна Гора е на 48 место, Србија е на 52 место, а Босна и Херцеговина е на 58 место.