„Пожарот во беровско е под контрола“, вели Ангелов

Од
Објавено на

Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи информираше дека пожарот во Берово е под контрола.
„Во моментов големиот пожар во беровско е под контрола“, напиша Ангелов.
Тој претходно информираше дека на терен се десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово.
Во гаснењето на пожарот од 05:00 часот утрово интервенираше и хеликоптер.
