Магазин

Огњен Амиџиќ за прв пат во јавноста по веста за разводот

Неодамна во медиумите одекна веста дека водителот Огњен Амиџиќ и топ моделот Данијела Димитровска се развеле по 10 години брак.

И додека Данијела на својот Инстаграм профил споделува фотографии од одморот во Грција, Огњен за прв пат се појави во јавноста, по веста за разводот, на роденденот на колешката Ана Радуловиќ.

По тој повод истакна дека наскоро заминува на одмор во Грција и дека тоа му е неопходно.

Амиџиќ не сакаше да зборува за приватниот живот, но на прашањето за разводот само рече дека е добро и дека се држи со оглед на се што се случило.

Инаку, поранешната брачна двојка и се обрати на јавноста со заедничка изјава во врска со разводот.

– Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме, ниту да даваме изјави – велат во заедничкото соопштение, додавајќи:

– Трето лице не е виновно за нашиот развод, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и бараме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема.

На почеток