Магазин

Кире Лазаров со пријателите од “Форца” однесоа поклони за дечињата на одделот за онкологија

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата , посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди. Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години , секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од ” Форца“, објави Факултети.мк

При посетата Лазаров им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз.

Дел од дечињата беа заминати за празниците дома, нивните подароци од Кире и ” Форца” медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

извор: Факултети.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток