Несреќа во Сплит: Потона туристички брод
Од
Објавено на
Несреќа се случила синоќа во близина на Сплит кога туристички брод удрил во брегот и потонал, јавуваат хрватските медиуми.
Туристичкиот брод „Морска вила“ околу 02:35 часот удрил во западниот брег на Сплит, а сите 40 патници излегле на брегот и не се повредени, извести сплитската полиција, пренесува Вечерњи лист.
Оперативниот центар за пожари во Сплит извести дека бродот долг 21 метар потонал. Како што е наведено, можно е да се загади морето. На лице место се испратени сите служби за итна помош, соопшти сплитската полиција.