Актуелно

Можен прекин на водоснабдувањето во две скопски населби

ЈП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека можен е прекин на водоснабдувањето во скопските населби Бутел и Радишани.

„Ве известуваме дека на ден 24.07.2022г. поради дефект од страна на ЕВН од 19:15 часот нема струја во П.С.Бутел и П.С Радишани.

Доколку дефектот од страна на ЕВН трае подолго време и дојде до празнење на резервоарите може да има прекин на водоснабдување во населбите Бутел и Радишани“, се вели во соопштението.

На почеток