(ФОТО) Бен Афлек е хит на интернет со новите фотографии од одморот
Бен Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) неодамна стапија во брак. Тие моментално се во Париз каде уживаат во меден месец заедно со децата на Афлек, Серафина, Вајолет, Макс и Ема.
Двојката деновиве ужива во пробувањето на рестораните во француската престолнина, а неодамна беа фотографирани на крстарење по реката Сена. Нивната венчавка во Лас Вегас очигледно го исцрпи Бен Афлек, кој одвои малку да спие, а непријатната положба, столот, па дури и сонцето не му пречеа премногу.
„Секој летен викенд треба да го поминувам на брод спиејќи како Бен Афлек“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
I should be spending every summer weekend on a boat sleeping like Ben Affleck pic.twitter.com/hLz3fPxGQ8
— Karla Rodriguez (@ohkarli_) July 23, 2022