Магазин

Бен Афлек забележан без прстен во пресрет на годишнината од бракот

Актерот Бен Афлек беше забележан без прстен на раката поради гласините за развод од Џенифер Лопез.

Фотографите го снимија во автомобил во Лос Анџелес. Прозорецот на автомобилот бил отворен, а неговите раце на воланот биле снимени, пишува Hello Magazine.

Бен пред неколку дена беше фотографиран со прстен за време на ручекот во Брентвуд, но Џенифер го носеше и додека купуваше со менаџерот Бени Медина.

Бен Афлек и Џенифер Лопез минатата недела официјално ја ставија на продажба својата палата во Беверли Хилс, а актерот веќе некое време не живее во неа.

To Top