Медиасет

Саутгејт поднесе оставка

Герет Саутгејт поднесе оставка на селекторската функција на Англија!

Саутгејт се пензионираше откако Англија вторпат по ред беше поразена во финалето на Европското првенство.

„Горди Албион“ во неделата во Берлин беше поразен од Шпанија со 2:1, а пред три години тоа беше Италија на пенали на Вембли во Лондон.

Во текот на целото ЕУРО во Германија, Саутгејт беше на удар на критики поради слабата игра на Англичаните, пред се поради индивидуалниот квалитет на тимот.

Тој ја водеше Англија осум години на 102 натпревари во кои „Албион“ оствари 61 победа и 17 порази (59,8%).

“Како горд Англичанец, мојата животна лекција беше да играм и да ја водам Англија. Ми значеше се и дадов се. Но, време е за промена и ново поглавје”, изјави Саутгејт.

Поранешниот стопер на Кристал Палас, Астон Вила и Мидлсброу одигра повеќе од 500 натпревари во Премиер лигата.

Пред да стане селектор на Англија, три години ја водеше репрезентацијата до 21 година, а тренерската кариера ја започна во Мидлсброу веднаш штом заврши со играњето во истиот клуб.

На почеток