Свет

Расте тензиите меѓу Израел и Русија, премиерот лут на Москва

Израелскиот премиер Јаир Лапид во врска со можното затворање на Еврејската агенција во Русија изјави дека тоа може сериозно да се одрази на односите меѓу двете земји.

На меѓуресорска средба на која присуствуваа претставници на бројни израелски министерства и агенции, Лапид ја истакна важноста на односите со Русија за Израел, пренесува ТАСС.

„Премиерот Лапид на средбата рече дека врските со Русија се важни за Израел. Еврејската заедница во Русија е голема и важна и се споменува во секој разговор со администрацијата во Москва. Затворањето на канцеларијата на Еврејската агенција би било сериозен настан, кој би имал последици по тие врски“, соопштија од кабинетот на Лапид.

Како што се додава, премиерот на Израел наложил делегација на адвокати да биде подготвена да отпатува за Москва штом ќе добие руско одобрение за разговорите и да вложи максимални напори за решавање на проблемот.

Медиумите објавија дека Министерството за правда на Русија побарало од судот во Москва да ја затвори Еврејската агенција, поради наводно прекршување на руските закони.

На почеток