Свет

Русија без најава го зголеми притисокот во гасоводот

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ наеднаш, без претходна најава, го зголеми притисокот во гасоводот што испорачува руски гас во Европа, соопшти денеска украинскиот државен гасовод.

Украинската компанија предупреди дека ваквото зголемување на притисокот може да предизвика вонредни ситуации, вклучително и пукање на гасоводот, а операторите на гасоводот се обврзани да се известат однапред.

„Гаспром“ не беше достапен за коментар, пренесува Ројтерс.

На почеток