Свет

(ФОТО) Силен земјотрес на Филипините, се урнаа згради, има и жртви

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди филипинскиот остров Лузон, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот предизвика големи штети на една болница и неколку згради на северот на земјата, а десетици луѓе се повредени, пренесоа агенциите. Според последните информации загинале најмалку две лица.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс. Според извештаите на локалните власти, болница во провинцијата Абра била евакуирана откако дел од зградата се урнала, но немало повредени.

Еден постар човек ја повредил ногата и е пренесен во болница, изјави за АП Михаел Брилантес, претставник на локалните власти во градот Лагангиланг, во Абра, кој е во близина на епицентарот.

Брилантес рече дека многу куќи и згради имаат пукнатини во ѕидовите, а некои се урнати.

To Top