Свет

Германија вети долгорочно присуство на својата армија во Словачка

Берлин е посветен на долгорочно распоредување на војници и противвоздушни ракетни системи Патриот во Словачка за заштита од руски закани.

Ова го изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Приотитите ќе останат додека ви требаат“, рече таа во вторникот по разговорите со нејзиниот колега Иван Корчок во главниот град на Словачка, Братислава.

„Ова не е само минлива работа, туку солидарност во акција. Ние сме заедно за ова безбедносно прашање“.

Системи за одбрана и околу 300 војници на Бундесверот беа стационирани во Словачка по почетокот на војната во Украина. Дополнително, во април Бундесверот испрати дополнителни 300 војници во мултинационалната оперативна единица во земјата што граничи со Украина. Бербок рече дека во моментов таму се стационирани 640 војници. Источните сојузници на НАТО се особено чувствителни на руските закани. Словачка конкретно нема граница со Русија, но има граница со Украина долга повеќе од 100 километри. Бербок и Корчок, исто така, рекоа дека министерствата за одбрана на двете земји ќе преговараат за понатамошна испорака на оружје за Украина, но не открија детали.

На почеток