„Путин има гас, но ние ја имаме моќта“, вели германскиот министер за економија
Русија најави дека од среда драстично ќе ги намали испораките на гас за Европа.
Тоа ќе се случи само шест дена откако го продолжи снабдувањето што наводно го прекина поради ремонт на Северен тек 1.
„Ситуацијата е сериозна и тоа сега треба да им биде јасно на сите“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Германија, додаде тој, мора да ја намали потрошувачката на гас и постојано работи на тоа, пренесува dpa.
„Земјата мора да се обедини и да каже – вистина е, Путин има гас, но ние ја имаме моќта“, изјави Хабек за телевизијата АРД во понеделникот вечерта.
„Газпром“ претходно најави дека испораките, кои сега се на 40 отсто од капацитетот, ќе бидат намалени до максимум 20 отсто. Така, само 33 милиони кубни метри гас дневно ќе можат да минуваат низ Северен тек 1, најважниот гасовод за Германија.
Русија ја оправда одлуката со поправка на уште една турбина. Претходното намалување на испораката до 40 отсто, во јуни, се оправда и со поправка на турбината, односно нејзиното доцно враќање од ремонт. Хабек рече дека објаснувањата на Русија се фарсични.
Гасот ќе биде од Холандија и Норвешка, рече министерот.
Сега се зависи од тоа колку ќе заштедиме“, додаде тој, зборувајќи за можните сценарија за зимата. Ако има недостиг на гас, индустријата прво ќе трпи рестрикции, наместо приватните домаќинства или важни институции, како што се болниците.
„Се разбира дека сум многу загрижен дека ова може да се случи. Некои производни синџири во Германија и Европа може да бидат прекинати. Тоа сакаме да го избегнеме со сите сили“, рече министерот, објаснувајќи дека потрошувачката на гас во Германија мора да се намали за 15 до 20 проценти.