Свет

„Булгаргас“ бара поскапување на гасот за 54 отсто

Компанијата „Булгаргас“ побара од Комисијата за енергетика и водостопанство во август да ја зголеми цената на природниот гас за 54 отсто.

Доколку барањето биде одобрено, цената на гасот ќе биде речиси 287 лева (без даноци и такси), што е околу 145 евра, јавува БНР Радио Бугарија.

Барањето минатата недела го поднесе компанијата „Булгаргас“, но доцна беше објавено на веб-страницата на регулаторното тело за енергетика, кое остана без претседател по објавувањето на одлуката на Уставниот суд.

Во сегашната ситуација не се знае како и кога Комисијата ќе го анализира барањето на „Булгаргас“ и ќе ја утврди новата цена на гасот за следниот месец.

На почеток