режимот на јавен превоз и работното време на билетарниците и Жичарницата на Илинден

Од
Објавено на

Ве информираме дека во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено.
Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.
