Што направи Македонија


„Започнавме нова епата, преговори со ЕУ за македонски јазик и заштитен идентитет“, вели СДСМ
Тие додаваат во соопштението:
Република Северна Македонија започна нова етапа, реализација на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.
По 17 години конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во Унијата.
Процесот на преговори ќе се води на македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти и додавки.
Историските прашања остануваат надвор од преговарачкиот процес, македонскиот идентитет, македонската посебност и историја се трајно заштитени.
Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна асимилација и бугаризација на државата, во ЕУ влегуваме како Македонци а македонскиот јазик ќе биде рамноправен со останатите службени јазици во ЕУ.
Македонската иднина е загарантирана и таа е европска со полноправно членство во големото европско семејство.
