🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Брифинзите од Обвинителството на Русковска се демантирани: Работата на „Беса транс“ ги проверува скопското обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-04-29-at-19.36.42

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија најостро ги демантира наводите во текстот  „Претресот во Финансиската полиција бил по пријава во врска со „Беса транс““, објавен денеска на порталот САКАМ ДА КАЖАМ (sdk.mk).

— реклама —

„Во барањето и обезбедената наредба за претрес во Управата за финансиска полиција е наведен предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заради кој се спроведува претресот. Тој предмет нема никаква поврзаност со трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија. Предметот за автобуската несреќа во целост го водеа истражните органи на Република Бугарија, а Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваше по меѓународна правна помош упатена од Обвинителството на Република Бугарија. Работата на компанијата „Беса транс“ се проверува во посебен предмет по кој постапува надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Дека станува збор за непроверени информации се утврдува и од противречноста во самиот текст во кој се наведува дека во предметот за „Беса транс“ постапува ОЈО Скопје, а тој се доведува во врска со наредбата за претрес на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Покрај тоа треба да се укаже дека Управата за финансиска полиција нема никаква надлежност за сообраќајниот режим, за дозволите и за техничката исправност на превозните средства.

— реклама —

Јавното обвинителство го осудува обидот преку непроверени шпекулации да се злоупотреби огромната трагедија во која 45 лица го загубија животот и ги повикува медиумите на одговорно известување кое пред се ќе води сметка за чувствата на семејствата на жртвите и на повредените во тешката автобуска несреќа.

Обвинителството останува транспарентно и отворено за постапките што ги води. Новинарите, особено за вака чувствителни прашања, можат сите информации да ги добијат официјално во секое време од надлежните обвинители и од Службата за односи со јавноста на обвинителството“, стои во демантот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

За благајникот од прилепската болница кој проневерил 244.000 евра Обвинителството бара куќен притвор

Македонија | пред 6 дена

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Се бара притвор за ќерките и таткото од кривопаланечко по тепачките за кравите: детали од обвинителите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Голема акција на полицијата и обвинителството, претреси во Скопје и во Куманово

Македонија | пред 3 седмици

IMG_5572

За двајца куќен притвор, за седуммина мерки на претпазливост поради поврзаност со работата на клубот „Пулс”

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања