(ВИДЕО) Украден мостот од плажата „Оревче“, која сега отсечена од Градиште, додека на „Џангл“ има забава до бесвест
Охридската плажа Оревче остана без мост која ја поврзува со трите плажи на Градиште. За тоа време, третата плажа Градиште која сега се вика „Џангл“ е преполна со посетители. Ова е вторпат „Оревче“ да биде отсечена од останатите плажи.
„Некој во текот на ноќта ни го пресекол и украл мостот што води кон Оревче од соседните плажи. Полицијата врши увид, а за кражбата е известено и Јавното обвинителство. Ова е втор пат летово како ни го крадат мостот во намера да го спречат протокот на нашите гости, но вас не може никој и ништо да ве спречи во намерата да бидете наши гости“, велат од плажата „Оревче“.
А ден претходно, на „Џангл“ имало журка без престан.