Германец заврши во притвор поради марихуана
Од
Објавено на
СВР Тетово поднесе кривична прија против Ф.Џ.(22) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
На 04.08.2022 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед во возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. Од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.