Свет

Украинските сили тврдат дека уништиле руски бази, а цел биле два моста

Прес центарот на украинската армија соопшти дека е причинета голема штета на мостовите Антоновски и Каховски, како и дека се уништени неколку руски бази на југот на земјата.

Ноќта на 27 јули, вооружените сили на Украина извршија прецизни удари на мостот Антоновски, кој се наоѓа во близина на Керсон, кој беше заробен од Русите. Вооружените сили на Украина не го уништија мостот, но беа уништени логистичките и транспортните патишта на напаѓачите.

На почеток