Свет

Испловија уште два брода со жито од Украина

Уште два брода со жито испловија од украинските пристаништа во Црното Море, соопшти турското Министерство за одбрана.

Бродот „Сакура“, кој тргна од југ, носи 11.000 тони соја за Италија, додека бродот „Аризона“ што тргна од Черноморск, носи 48.458 тони пченка во јужна Турција.

На почеток