Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Кичево-Гостивар

Од
Објавено на

Од 7:30 часот утрово во прекин е сообраќајот на патот Кичево-Гостивар.
„Пoради случена сообраќајна незгода кај с.Тајмиште на магистрален пат Кичево-Гостивар и магистрален пат Гостивар-Кичево е во прекин од 07:30ч“, информираат од АМСМ.
Според неофицијални информации станува збор за сообраќајка помеѓу камион и автомобил.
Фото: Илустрација
