Магазин

(ФОТО) Американска актерка го посети Зеленски; „Светот ќе ја слушне вистината“

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше поддржан од луѓе ширум светот, а неодамна го посети и оскаровката Џесика Честејн.

Џесика го посети Зеленски во Украина, а по тој повод украинскиот претседател сподели неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Актерката пристигна во Украина со воз, а на главната железничка станица во Киев ја пречека официјална украинска делегација.

За време на средбата, Зеленски и се заблагодари на актерката за нејзината посета и го пофали народот на Украина кога рече дека се „многу храбри и силни“.

„За нас ваквите гостувања на познати личности се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува кај нас“, напиша тој.

Во оваа прилика актерката ќе ја посети и детската болница Охматдит, како и градот Ирпин, кој претрпе големи штети уште во февруари, пренесуваат локалните медиуми.

Да потсетиме, Џесика Честејн годинава доби Оскар за главната улога во биографската драма „Очите на Тами Феј“.

Позната е по улогите во филмови каде што како тема преовладува феминизмот, а поради таквите улоги се најде меѓу 100-те највлијателни личности во 2012 година.

Првата номинација за Оскар ја доби за улогата во драмата „The Help“, додека вторпат беше номинирана за улогата во трилерот „Zero Dark Thirty“.

Некои од другите филмови во кои таа е актерка се „Lawless“, „Interstellar“, „The Martian“, „Zookeeper’s Wife“, „Dark Phoenix“ и други.

На почеток