ФОТО: „Наместо пешкири, оставија автомобил на плажа“
Турист најде паметно решение, па со автомобил си резервирал место во „првиот ред“.
Во Фејсбук групата „Дневна доза на просечен Далматинец“ се појави фотографија од автомобил кој најверојатно заглавил во песокот.
„Жден пасат“, пишува под фотографијата.
Во коментарите под оваа фотографија стои дека можеби ова е креативен метод за чување место на плажа без да оставите пешкир.
„Па, забрането е да се оставаат крпи на плажа, но бесплатно е за автомобили“, напишал еден член од групата, додека друг се согласил: „Синоќа ја паркирал за да си го чува местото на плажата“. ‘
„Паркирање во првиот ред покрај морето“, „Не е проблем, важно синоќа беше романтично“, се само дел од коментарите, но имаше и такви кои се налутија и беа децидни дека ова не е во ред и дека не треба да се паркира на плажа.