Свет

Советот за безбедност на ОН на вонредна седница

Денеска Советот за безбедност на ОН треба да се состане на вонредна седница во врска со ескалацијата на конфликтот во Појасот Газа.

„ Советот за безбедност на ОН ќе се состане утре за да разговара за актуелната ситуација во Појасот Газа“, изјави вчера неименуван извор за руската агенција ТАСС, додавајќи дека иницијативата ситуацијата во Појасот Газа да се стави на дневен ред на вонредната седница доаѓа од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кина, Франција, Ирска и Норвешка.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Исламскиот џихад стапи на сила доцна синоќа во 23:30 часот по локално време, но само осум минути потоа ракети полетаа кон Израел, објавија израелските медиуми.

На почеток