Актуелно

Зеленски: Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година со цел да се спречи Русија да анектира повеќе украинска територија.

Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ рече дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја“.

Тој додаде дека „Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија“.

To Top