Свет

Ердоган: Имаат право да интервенираат

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се осврна на обновувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах и рече дека позицијата на Турција е јасна.

Ердоган во разговор со новинарите застана на страната на Баку и нагласи дека Азербејџан има право да интервенира на нејзина територија.

„Азербејџан природно не сака никакви нелегални вооружени елементи на својата територија. За ова детално разговарав со мојот брат Илхам Алиев, претседателот на Азербејџан, пред два дена. Најпрво го осудуваме нападот што предизвика смрт на азербејџански војник“, рече Ердоган.

После тоа се осврна на дејствијата на Ерменија.

„Поминаа речиси две години од потпишувањето на трилатералниот договор. Важно е Ерменија што поскоро да ги исполни своите обврски“, рече турскиот претседател.

Исто така, тој уште еднаш го повтори ставот на Турција кога станува збор за позицијата на Нагорно Карабах.

„Карабах е азербејџанска територија која се наоѓа во меѓународно признатите граници на Азербејџан“, заклучи Ердоган.

На почеток