Пожар во околината на Охрид, екипи од сите општински јавни претпријатија на терен


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави дека од утринава теренот Вапила – Расино – Сирула е зафатен од пожар.
„Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија. Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“.
На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“.
Согласно последните информации од терен во моментов пожарот према Расино е локализиран“, стои во објавата.
