Алсат: Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница
43-годишно лице од Кичево можеби е заразено од мајмунски сипаници. По 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил. Од кичевската болница за Алсат велат дека на одделението пристигнал во понеделникот со симптоми на изнемоштеност и видливи траги на кожата. Од првите прегледи на дежурниот лекар му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници. Но, според тамошните власти, кичевчанецот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар.
„Овој пациент првично се пријавил кај матичниот лекар во понеделникот и веднаш бил упатен, иако имале тешка соработка со пациентот. Во моментов не можам да одговорам дали е примен на Инфективна клиника или не. Тој беше во нашата болница во понеделник-вторник и му беше укажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но не се појави во дежурната служба, па затоа потенцирам дека имавме тешка соработка со пациентот и не знам што друго да ви кажам во моментов“, изјави Станко Трпески, директор на болницата во Кичево.
Според здравствениот протокол, осомничениот заболен од мајмунски сипаници со возило на брза помош требало да биде пренесен на Инфективната клиника во Скопје. Подрачната болница нема средства за вакви испитувања, но директорот на Здравствениот дом во Кичево рече дека пациентот не се појавил ниту во Одделението за брза помош.
Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници избегал од болница! – Алсат ТВ (alsat.mk)